Поделено општество. Како да се оправиме?

by Fokus

Поделено општество. Се чини највеќе од каприци и од  нашиот познат инат како и “да му умре козата на комшијата”.

Колку што можам да приметам, и ти би во НАТО и ЕУ, но да „организира” В-Д.  Прифатливо им беше референдум, но ако го организира В-Д. Прифатија додавка на име (Република Македонија Скопје) кое е многу полошо од ова сегашното – но В-Д го договорил во 2008-ма и затоа им беше прифатливо.

Тие во дијаспората, се отселија во земјите на НАТО и ЕУ, некои и имињата си ги променија/прилагодија, но не се за прилагодување на Македонија кон ЕУ и НАТО. Да цркнеме изгледа треба … Како да сакаат кога ќе дојдат на „викенд” во Македонија да се осигураат дека сме потонати и да им биде полесно на душата што ја напуштиле татковината. Не гледам зошто пуштаат чифтиња?

Не се сите такви, но најгласни се оние што не се за Македонија да гледа напред. Можеби треба тие што се за ЕУ и НАТО да бидат мнооогу погласни.

Викаат Македонија било бренд. Можеби е и бренд. Да. Македонија и за мене е голем бренд. Но тој бренд нас не’ укотви на последното место во Европа по сите основи. Или ние и нашето удирање во гради го направи брендот да носи загуби. И така е со години и децении. На брендот му треба ревитализација и интеграција за да почне да носи „резултати”. Географската одредница не го менува идентитетот, а нуди безброј поволности да се „дигнеме”. Кога финансиски ќе зајакнеме, брендот ќе го градиме полесно и посилно. Ќе има можности (пари) за филмови, реклами, туристички дестинации, еколошки средини, … you name it.

За мене е небитно дали имаме условен датум или имаме не знам каков датум затоа што имплементацијата на стратегијата за влез во ЕУ и НАТО е започната. Не можеме сега да кукаме, туку треба да работиме, а некои што не се за ЕУ и НАТО (или не се за ЕУ и НАТО преку СДСМ) – да се прилагодуваат на новата реалност. Датумите се само временски одредници за проверка на сработеното. Дали ќе имаме безусловен датум или условен е неважно зошто до наредната година истите работи треба да ги сработиме. Не може да очекувате од првооделенец (Македонија) да оди наредната година во гимназија (ЕУ и НАТО). Да се изодат работите треба и затоа постојат преговори и процес на адаптација.

Прославата ја сметам како еден вообичаен jumpstart настан за мобилизирање на граѓаните и бизнисите дека започнуваме имплементација на стратегија – оваа стратегија е создадена во слична форма уште во деведесетите. Мобилизацијата е првата фаза кога се изведува стратегија или кога се прават стратешки измени во општеството. Го поткрепувам ова со светските пракси “Разлика меѓу креирање и изведување на стратегија”.

Да се вратам на основното прашање:

Како да се направи за да нема поделби за овие стратешко важни работи? Не може сите исто да мислиме, но не е корисно да бидеме како на пола со пола – позиција и опозиција. Светот и животот не е црно бел.

Како да се направи, Македонскиот народ, граѓаните на Македонија да покажат сенс за иднината и перспективите на Македонија? Како да сфатат повеќето дека сценариото на раководството на В-Д е “слобода за криминалците, а затвор за сите нас” (како што пишува во Сакам Да Кажам).

Венко Глигоров

 

 

Поврзани новости