790
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партискиот потпретседател Александар Николоски остварија средба со словенечкиот премиер Јанез Јанша, на која Мицкоски истакнал дека покрај ветото од Бугарија на патот кон Европската Унија, како акутен проблем останува недодостатокот на борба против криминалот и исклучителното високо ниво на корупција.
Како што соопштија од ДПМНЕ, Мицкоски на средбата разменил искуства поврзани со економијата, при што напоменал дека рецесијата во македонската економија резултирала со раст на невработеноста, додека пакетите на помош за економијата не ги дадоа потребните резултати.
Воедно, Мицкоски од побарал поддршка од Јанша на патот кон Европската Унија.