Добро е секогаш да се слушнат и двете страни односно да се вкрстат аргументите на двете страни, така што можев да ги објаснам позициите на ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период, а истовремено да ги убедам дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш во минатото, никогаш не би подржало, ниту пак би презела акција во насока да делува насилно или да се заканува и да уценува, вели Христијан Мицкоски од Хелсинки во телефонски разговор во вестите аа Канал 5.
Тој истакна дека остварил средба со неколку високи претставници на ЕПП и лидери на држави од сестринските партии.
Мицкоски уште еднаш го повтори ставот на партијата, додавајќи дека и покрај тоа што во Собранието се започнати собраниските процедури за нацрт амандманите за измена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ останува да биде против овој процес.