Мицкоски: Очекувам витешка дебата со Заев

by fokus

Очекувам витешка дебата каде ќе се вкрстат аргументите од двете страни, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при пристигнувањето во Канал 5 каде ќе се одржи дуелот со премиерот, Зоран Заев.

-По една година имаме повторно соочување. Ќе разговараме за она што се случи во меѓувреме, за актуелни работи, но и за иднината – рече Мицкоски кој додаде дека очекува дуелот да остави трага.

Тој на својот фејсбук профил денеска најави дека на дуелот ќе се говори за вистината и отворено за проблемите на граѓаните, но и за забелешките во однос на постапките на сегашната власт.

-За вистинската вистина, отворено за проблемите на граѓаните, за заевизмот кој ја тоне Македонија, за честа и достоинството која власта сака да го одземе, за неправдите кои ги донесоа, за иднината на нашата земја. Следете ме на „Само вистина” на Канал 5 телевизија во 18:30 часот, порача Мицкоски.

 

Поврзани новости