Мицкоски: Очекувам до крај на годината да се надмине историски највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата

by Fokus

Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра, напиша македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Фејсбук

– Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години – се потенцира во објавата.

Тој додава дека, „мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани“.

– Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда! Заедно за работа која носи дела! – пишува Мицкоски.

Поврзани новости