671
Во 1.903 година Њујорк Тајмс, по повод смртта на Гоце Делчев, објавува дека “убиен е македонскиот лидер”, објави на фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„117 години подоцна заглавени помеѓу приказните за тоа дека Бугарите сакале да бидат татковци, братучеди и браќа, Заев ја губи државата“, напиша Мицкоски.
Ако цената е себеодрекување, тогаш, додава тој, одговорот треба да е напуштање на договорот на Заев со источниот сосед и прекин на преговорите.