Спасовски најави бесплатна телефонска линија за пријавување на забави

by Фокус

Граѓаните ќе можат на бесплатна телефонска линија да пријават недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

-Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број – истакна Спасовски.

Тој најави поригорозни контроли за празниците во насока на почитување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

-Една од клучните задачи е да се изврши контрола и надзор на спроведувањето на мерките за заштита од ковид. Се наоѓаме во ситуација кога вирусот лесно се шири. Знаете дека зголемувањето на бројките на заболени создава сериозен притисок врз здравството и здравствените работници – рече Спасовски.

Поврзани новости