Мицкоски: Нудиме професионалци кои имаат обврска да обезбедат кредибилен изборен процес и јасно почитување на волјата на граѓаните

by Fokus

Овој настан беше потребен за да зборуваме отворено за некои работи и предизвици кои што не чекаат во периодот кој што следи. Би сакал она што сакам да го кажам да го започнам со една работа која ја читав во текот на вчерашниот ден и утрово, а тоа е онаа ново формирана коалиција, барем во јавните гласила и на јавна сцена, а тоа е коалицијата Зечевиќ, Маричиќ, Груби, Османи заедно со јастребите кои што треба да нанесат штета на антивладиот глас во Македонија, рече денеска Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на дебата во Скопје.

Тој нагласи дека СДСМ, Зечевиќ, Маричиќ, Груби и Османи сакаат да го девалвираат капацитетот на петте кандидати за министри и дополнителни министри во техничката влада од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека сите тие заедно немаат половина од тоа што го имаат овие кандидати поединечно како сопствена биографија или нешто што направиле за Македонија, иако 6ипол години се министри во владата.

– Ги читам нивните сега соопштенија каде што ги девалвираат капацитетите на овие 5 луѓе кои се овде до мене. Но, на тој начин тие сакаат да ја девалвираат практично целокупната коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е вистинската антивладина коалиција. Тоа е коалиција која се бори против Зечевиќ, Маричиќ, Груби, Османи, нови и стари Алтернативи и разно разни јастреби кои имаат задача да направат штета на антивладиниот глас во Македонија. Замислете за прес центарот кој што го водат Зечевиќ и Маричиќ а тоа е СДСМ, еден Артан Груби и Бујар Османи се по прифатливи од Стефан, Цветан, Елена, Панче, Ѓоко, а сите тие заедно немаат половина од тоа што го имаат овие кандидати поединечно како сопствена биографија или нешто што направиле за Македонија, иако 6ипол години се министри во владата, рече Мицкоски и додаде:

„И тоа претставува политичка неодговорност и срам, затоа што и во поразите и победите човек треба да е достоинствен. Загубија кога велеа дека ќе има разделени избори, еве немаме, туку имаме избори кои што се споени. Ние им велевме дека изборите ќе бидат во април и мај, тие велеа не, ќе биле во март, па во август, но и тука капитулираа. А главната капитулација беше оставката на Димитар Ковачевски кога тој капитулираше пред истите овие кои што една државотворна партија на почетокот на 90титет како што беше СДСМ, ја претворија во измеќар и слуга на Артан Груби, Бујар Османи, Али Ахмети и сличните како нив“.

Мицкоски истакна дека власта нанела многу зло и неправди кон граѓани, како и дека поради тоа стравот е голем кај нив.

Нанесоа многу зло, направија многу неправди изминатите 6ипол години откако се влада во Македонија и тоа народот нема да им го прости и тие се свесни за тоа, и затоа стравот е посилен од нив, кажа Мицкоски.

Мицкоски изјави дека примарната цел на ВМРО-ДПМНЕ е да го консолидира антивладиниот глас се со цел да освојат 61 пратеник, а на тој начин ќе се отвори портата не за реформи, туку за трансформација на Македонија.

– Нашата примарна задача ќе биде да го консолидираме антивладиниот глас како коалиција која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, антивладиниот глас мислејќи на владата која што ја предводат СДСМ и ДУИ, и овие јастреби кои што ги поддржуваат во позадина и се опозиција на опозицијата. А како ќе го направиме тоа? Тоа ќе го направиме така што ќе покажеме нешто што е поразлично од тоа што до сега било, како што тоа достоинствено го покажуваат повеќе од 42 градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ работејќи чесно, посветено без ниту еден скандал коруптивен. Тие промовираа еден поинаков начин на функционирање во кој што можеме да кажеме дека не важи правилото сите се исти. Тоа треба да го направиме овие 100 дена и јас тоа го очекувам од овие луѓе кои денеска се со мене тука, а од граѓаните очекувам да не бидат жртви на реториката на јастребите кои што се опозиција на опозицијата, да го консолидираме гласот околу коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и да освоиме 61 пратеник, а на тој начин ќе се отвори портата не за реформи, туку за трансформација на Македонија. Во еден мандат 4 плус 4 да направиме целосна трансформација на Македонија. Тоа ќе ни биде првата задача да покажеме дека не сме сите исти, да го консолидираме антивладиниот глас и таа порака да стигне што е можно поширока секаде низ Македонија – нагласи Мицкоски.

Мицкоски рече дека техничките министри и дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ ги очекува многу работа и предизвици.

Поврзани новости