Коалицијата за обнова на Македонија се спротивставува на промените на Уставот и бара признавање на македонското малцинство, почитување на македонската историја и нејзина посебност. Исто така, Коалицијата бара од Република Бугарија да не ја блокира европската иднина на државата, туку да ја поддржи и да покаже вистинско пријателство меѓу граѓаните на двете држави.
Ова го посочи вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по состанок на Коалицијата. Една од поважните одлуки на Коалицијата е дека истата цврсто стои на уставната одредба за антифашистичкиот карактер на нардонослободителната борба и остро се спротивставува на промените на Уставот кои негирање на антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба.
Тој додаде дека деновиве ќе побара да се одржи средба со сите опозициски партии во Парламентот, сите партии кои и мислат добро на државата, да се обидат да разговараат и да најдат решение.
За Коалиција, македонскиот јазик и неговите историски корени и антропологија како и неговата признаеност се неспоредлив историски факт кој е потврден и признат од целокупната светска научна јавност и околу овој факт нема дискусија.
Коалицијата, како што посочи Мицкоски, инсистира на признавање и почитување на македонското малцинство и неговите европски загарантирани права, а кое, според него, опстојува кај нашиот истиочен сосед, и чие постоење е потврдено од страна на европски надлежни правни институции како што е Судот за чоивекови права во Стразбур.
-Воедно го повикуваме источниот сосед да ги почитува одлуките донесени од овој Суд, а кои се однесуваат на правата на македонското малцинство во Бугарија. Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност, и се спротиставува на вештачката промена на улогата и карактерот на националните херои кои се бореле за слободна и независна македонска држава, рече Мицкоски.
Како што посочи, Коалицијата потенцира дека македонскиот идентитет е неспорен и засебен, има свој посебен историски, правен, политички и културолошки развој. Кон овој став, додава Мицкоски, едногласно се придружуваат и припадниците од партиите на Коалцијата кои ги претстатвуваат етничките заедцници кои се различни од македонскиот народ.
На средбата се истакнало дека ВМРО-ДПМНЕ како наследник на историското ВМРО има историска одговорност и обврска да ги штити, зачува и промовира сите идентитетски обележја на македонскиот народ и да се бори за нашата заедничка европска иднина.
Сите останати партии од Коалицијата за обнова на Македонија, како што рече Мицкоски, се придружија и цврсто го поддржаа овој став.
-Коалицијата за Обнова на Македонија предупредува актуелната власт да не тргува со националните интереси, да не ги руши темелите врз кои е изградена модерна македонска држава, а кои се создавани од генерации и да овозможи транспарентност и инклузивност на сите партнери во овој прцес за изградба на национален консензус за ова прашање. Во спротивно ке се соочи со судот на народот историја и правда, рече Мицкоски.