Мицкоски нема против да се врати споменикот на Ќосето

by Fokus

Лидерот Христијан Мицкоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против да се врати споменикот на Андон Лазов-Ќосето, откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, почнала процедура за негово враќање пред комплексот судови во главниот град.

„Тоа претпоставувам надлежните треба да ги прашате. Што се однесува до еден таков споменик на еден лик кој е дел од македонската историја, ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против тоа. Не гледаме ништо против тоа“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости