МВР: Двете исчезнати девојчиња биле пронадени кај Бит Пазар

by Fokus

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар, информираа од МВР за „Фокус“.

„Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле“, се наведува во соопштението од МВР.

По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите.

Поврзани новости