Лидерот на опизициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето на ТВ Шења рече дека нема да се смири додека не излезе вистината на виделина за пожарот во тетовската болница, во кој загинаа 14 луѓе.
-Апсолутно овој случај нема да биде вака затворен како што е сега и ако мислат тие дека вака ја решиле работава како сега, јас ви гарантирам дека тоа нема така да биде. Јас лично додека функционирам политички нема да се смирам додека вистината не излезе на виделина и тоа им го ветив на семејството коешто го посетив – рече Мицкоски.
Притоа, тој пренесе сведоштво на човек што го посетил, кој, според неговите зборови, му рекол: „Ја кренав во раце својата мајка, и она ми рече спаси го брат ти и ти спаси се, остави ме мене и сега таа е покојна…“