Шилегов во Ѓорче Петров: Инвестираме во важни проекти

by fokus

За нас секоја општина е важна и во Ѓорче Петров, како и во другите скопски општини, се инвестира во важни капитални проекти, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов, при посетата на оваа скопска општина заедно со градоначалникот Александар Наумовски и министерот Благој Бочварски.

-Ги реконструиравме улиците Ѓорче Петров и 4-ти јули, кои се користени главно од нашите сограѓани кои живеат во Дексион, но и во другите околни населби. Започнавме и со реконструкција на улицата Лука Геров како главна сообраќајна артерија во населбата Даме Груев, а речиси секојдневно ја користат жителите на Ново Село, Волково, Кисела Јабука и Кучково. Ги расчистуваме дивите депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Поставуваме нова фекална и атмосферска канализација онаму каде што е потребно – рече Шилегов.

Воедно, тој додаде дека инвестирале над 52 милиони денари во реконструкција на средното училиште Кочо Рацин и обезбедиле прочистувачи за воздух за секоја училница.

Поврзани новости