471
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Сител рече дека тој нема да се кандидира на претседателските избори како кандидат на ВМРО-ДМНЕ и коалицијата. Нагласи дека има одговорност пред партијата, нејзините членови и симпатизери да победи на следните парламентарни избори.
Кандидатот што ќе го поддржат ќе го изберат на огласот, што ќе го распишат веднаш по Новогодишните празници, на кој може да се јави секој заинтересиран граѓанин кој ги исполнува законските услови со поднесување своја програма и визија.