Премиерот Христијан Мицкоски упати порака до граѓаните дека формирањето семејство, формирањето многудентно семејство, е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина.
„Секој оној кој што си игра играчки и кој што ова не го разбира, колку е ова озбилно, не ѝ мисли добро на државата. Нека ме нарекуваат конзервативен, заостанат, како сакаат нека ме нарекуваат, но ова мора биде прв приоритет на оваа Влада и на сите следни Влади, а тоа се многудентни семејства. Јас би сакал кон сите македонски граѓани да упатам јасна порака – формирањето семејство, формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина. Без разлика на верската, на етничката припадност – многудетното семејство значи иднина“, рече Мицкоски.
Тој кажа дека според последниот попис во Македонија има над 1,8 милиони жители, но дека стравува дека за 20 години ќе бидеме држава под 1 милион жители.
„Имаме отприлика над 700 илјади редовно вработени и околу 350 илјади пензионери. Реално присутно население според сите проценки не надминува од 1,5 милиони. За 20 години се плашам дека ќе бидеме држава под 1 милион жители и тогаш ќе имаме на еден пензионер еден вработен“, изјави премиерот.
Според него, тоа значи колапс за пензискиот фонд, тоа значи колапс за здравствениот фонд.