Џолев: Апсолутно не сум побарал обвинителството да ја повлече жалбата за притворот на Мијалков!

by fokus

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, категорично негира дека наводно тој го замолил Обвинителството да ја повлече жалбата, со која се бараше на Сашо Мијалков наместо куќен притвор, да му се одреди мерка притвор.

-Апсолутно НЕ, е кусиот но категоричен одговор на претседателот Џолев на прашањето на „Фокус“ дали тој побарал жалбата да биде повлечена.

Неговото има пак го вмеша шефицата на Обвинителството за гонење на организиран кривинал и корупција Вилма Русковска.

-Мене колку што ми е познато, а тоа е од разговор со претседателот на Судот и тоа беше во претпладневните часови, самиот претседател замоли да биде повлечена жалбата затоа што и фактички решението до тогаш не беше спроведено, нели се уште беше недостапен обвинетиот Мијалков и да не се губи време да се поднесе нов предлог за определување мерка притвор затоа што првото решение не беше спроведено. Потоа, колку што имам сознаниј,а разговарале и на таа тема со јавниот обвинител Љубомир Јовевски, истиот се согласил и така од тие причини тогаш е повлечена жалбата, рече Русковска.

Републичкиот обвинител Љубомир Јовески пак вели дека Обвинителството во било кој момент може да побара построга мерка.

– Жалбата е повлечена оти во тој момент решението за куќен притвор не може да се ефектуира со оглед дека обвинетиот бил во бегство. Сепак, во секој момент Обвинителството може да побара построга мерка, вели Јовески.

За утре во 10 часот е закажена објавата на пресудата за “Таргет и Тврдина“, односно за масовното незаконско прислушување.

В.В.

Поврзани новости