511
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Топ тема на телевизија Телма рече дека неговата партијата нема побарано амнестија за обвинетите за 27 април.
-Ние немаме побарано амнестија. Тоа повеќе беше како совет кон премиерот Заев. Тој ако сака може да се стави над ситуацијата и да ја реши. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ беа брутално апсени и понижени. Ако сакаме правна држава, треба тие што тоа го наредија да одговараат. А, притоа се носи Закон за амнестија за криминалци. До кога ние ќе го толерираме овој терор, праша Мицкоски.