690
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека штетата со парното греење веќе била направена и доцна било Град Скопје да го спасува.
-Не мислам дека е грешка што Градот Скопје не го презема парното греење. Штетата е веќе направена, не може сега Град Скопје да ја спасува. Ако некој водеше сметка можеби ќе требаше да се смени системот на мазут. Сега веќе не зборуваме за екологија, туку за како да се згрееме, рече Мицкоски.
Тој додаде дека не е убеден дека нема да има рестрикции на струја, иако тој би сакал да нема.