Пациенти со поддршка за Жан Митрев: Хемофилтрацијата нѐ спаси

by fokus

Пациенти кој се лекувале со методот на хемофилтрација во болницата Жан Митрев денеска во изјава за медиумите рекоа дека тој метод ги спасил и му дадоа поддршка на доктор Жан Митрев.

-По првата хемофилтрација за којашто го прашаа и татко ми, и мене и сите, ја одобривме. По неколку часа од првата хемофилтрација јас се опоравив, почнав да јадам и веќе наредниот ден ме ставија во обична соба. По јадењето и лекувањето неколку дена во обична соба ме пуштија дома, рече еден од пациентите.

Тие зборуваа дека персоналот во болницата бил многи професионален. Рекоа дека никој не им платил за ова да го изјават, туку дека се организирале самоиницијативно.

Поврзани новости