Мицкоски: Не барам амнестија за осудените за „27 април“, туку фер судење

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска најави дека во петок ќе оствари средба со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. Една од темите на која ќе разговараат е и случајот „27 април“.

-На средбата со Пендаровски ќе барам да им се суди за она што го направиле, но тероризам немало. Да им дадеме фер шанса да бидат обвинети за тоа што го направиле. Амнестија јас не барам, истакна Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.

К.С.

Поврзани новости