Мицкоски: Министерството за здравство уплатило 7,8 милиони евра на фирма посредник од Хонг Конг за вакцините

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска обвини дека Министерството за здравство уплатило 7,8 милиони евра на компанија од Хонг Конг за набавка на 200.000 вакцини.

-Март беше кога фирма посредник требаше да ги набави вакцините од Кина. Имаме два документи: Министерството за здравство има исплатено 7.800.000 долари на компанијата „Стабри интернешнл“ од Хонг Конг за 200.000 вакцини. 13 милиони долари би била вкупната цена, ако 65 проценти бил авансот.

Откако се обелодени аферата, средствата се вратени. Но, трагот стои, на 15 февруари 2021 година средствата биле уплатени.

На „Синофарм“ сега директно се исплатени 155.000.000 денари.
Провизијата требало да биде 4 милиони долари.
Трансакцијата е направена, бил направен сериозен обид, истакна Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.

Тој покажа и СВИФТ од напревена уплата на Стабри Интернешнл, посредник за вакцините.

Катерина Смилева Божиновска

Поврзани новости