Мицкоски: Нашите пратеници ќе се борат како лавови, вратете ја старата цена на струјата!

by Фокус
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се обрати пред присутните демонстранти пред Регулаторната комисија за енергетика. Тој порача дека ќе продолжат со протестите, додавајќи дека правдата ќе ја бараат на улица.
-Ќе речат: Кој му ги плаќал на Мицкоски протестите. Ова е чесен народ, дојден да се спротивстави на мафијата. Мафијо разбери, протестите ќе продолжат. Протестираме за социјална тема. Бислимовски и слугува на мафијата. Власта заборави на партиските вработувања. Доста му е на овој народ, правдата ќе ја бараме на улица. Од сега па натаму, ќе не гледате со народот, без разлика на етничката и верска припадност. Нашите пратеници ќе се борат како лавови во Собранието за овој народ. Имате неколку дена да ги разгледате барањата, а потоа да ги исполните – истакна Мицкоски.
Тој обвини дека цената на струјата ја покачи гарнитура во чие време се реализираат партиски вработувања и се испумпуваат пари од РЕК Битола.

Поврзани новости