Мицкоски: Наместо живот и едно општество за сите, тие донесоа живот само за неколкумина од нив

by Fokus

„Не можеме да се сетиме на ниту една добра и позитивна работа која што оваа влада на СДСМ и ДУИ ја направила“, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во општина Долнени во рамки на претседателската кампања.

Тој истакна дека неодговорно ќе биде ако дозволиме и во иднина да владеат ДУИ и измеќарите на ДУИ, СДСМ.

„Ние не смееме и неодговорно од нас ќе биде како генерација во ВМРО-ДПМНЕ и како генерација граѓани на Македонија, да дозволиме во иднина повторно да ни се случат овие кои што денеска се во владата ДУИ и измеќарите на ДУИ, кои што доаѓаат од СДСМ“ рече тој и додаде:

„СДСМ беше државотворна партија која што во раните 90ти беше сериозен конкурент на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се претвори заедно со раководството во ништо повеќе од еден обичен измеќар на Али, Артан, на Бујар, на Талат и останатите“.

Претседателот Мицкоски посочи дека наместо живот и едно општество кое што го ветуваше СДСМ, донесе всушност живот само за оние малкумина кои што денеска уживаат во милионите кои ги крадат од граѓаните.

– Наместо живот и едно општество за сите, тие донесоа живот само за неколкумина од нив кои денеска уживаат во милионите кои ги крадат од граѓаните. Исто така донесоа едно општество но за неколкумина кои што денеска продолжуваат како што тоа го правеа изминатите 6 ипол години, буквално да ја уништуваат Македонија. Тоа е она кое што тие го ветуваа пред 6 и пол години, и тоа е она кое што го донесоа 6 и пол години потоа, смета Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека СДСМ ветувале сигурен откуп и повисока цена за земјоделските производи, но денеска се случува целосна катаклизма во земјоделството и сточарството.

Тој потенцираше дека граѓаните имаат две опција, Македонија горда на Силјановска Давкова, и Македонија засрамена на Стево Пендаровски.

Поврзани новости