Во текот на претседателската кампања, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски неколкупати најави водство од над 100 илјади гласови на кандидатката за претседателка од неговата партија.
На база на таа предност, тој ги засноваше и најавите за победа на неговата партија на парламентарните избори на 8 мај и креираше атмосфера дека се е завршено.
Сепак, утре се одржува првиот круг од претседателските избори, каде што на ред се граѓаните да кажат кој од кандидатите го посакуваат за претседател идните пет години. Утре е вистинската анкета.
Дали ќе успее или не опозицијата со над 100 илјади гласови предност да влезе во вториот круг и во предизборието на парламентарните избори ќе кажат граѓаните и дали неуспехот да се оствари ветената предност ќе се одрази и на нив.