Мицкоски најавува нови случувања за „Рекет“: Ќе следи прес на кој ќе се изнесе ноторна лага

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел во Зоран Заев рече дека тој е информиран дека за неколку дена ќе има прес конференција или изјава на која лице поврзано со „Рекет“ ќе изнесе, според него, ноторна лага.

-Вие кажувате дека сте го пријавиле случајот, но никаде да покажете документ за тоа. Првообвининетиот кажа каде завршуваат парите. Јас сум информиран за конструкција којашто ќе следи следниве денови, прес конференција од страна на лице што е инволвирано, каде ќе каже една ноторна лага. Но, тоа е добро, затоа што после тоа ќе следат и други вистини и за шестте милиони, и за Димишков. Јас сум за тоа до крај да се истражи овој случај, да се види каде завршуваат тие пари, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости