Шилегов по два негативни теста: Се гледаме од утре во секојдневните активности

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вечерва објави дека го победил корона вирусот.

-Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен. Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена.
Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби.
Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме !, порача Шилегов.

Поврзани новости