Мицкоски најави втора епоха: Се обединуваме како тенки гранки во еден сноп!

by fokus

За нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ е избран Христијан Мицкоски. Ова беше соопштено на вечерашниот конгрес на партијата, по што следуваше негово обраќање пред делегатите на конгресот, кои го поздравија со долг аплауз.

-Ако има некој кој се уште се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ не може да успее, кој се уште се прашува дали сонот на нашите основачи е се уште жив, денешниот ден е одговор на тие прашања и тие сомнежи, рече Мицкоски.

Тој истакна дека Македонија ќе се избори и дека надежта ќе опстои, навраќајќи се на успехот на последните локални избори.

-Поминавме 4 години низ силни искушенија. Време е луѓето да ги слушнат пораките за иднината, да слушнат решенија за промени, порача старо новиот лидер.

Тој истакна дека ги чека борба.

-Не чека борба, народот има очекувања од нас и мораме да ги оправдаме. Ние сме таа алтернатива и мораме да направиме се. Не смееме да разочараме, не смееме да потфрлиме. Нашата борба не е само да победиме на избори. Свесни сме за предизвиците пред нас, и затоа сме спремни надежта да победи, порача Мицкоски.

Тој зборуваше и за автобуската несреќа, обвинувајќи ја власта, но и за предизвици пред нив, економска и ковид криза.

-Патот пред нас е тежок и долг. Можеби нема веднаш да стигнеме, но никогаш не сум се надевал никогаш повеќе од денес дека тоа ќе го направиме. Може ќе има заостанувања, нема да можеме да го решиме секој еден проблем, но јас ќе бидам искрен за секој еден проблем, рече тој.

Тој порача дека партијата влегува во втора епоха.

-Влегуваме во втора епоха, општествена мобилизација на секој поединец во земјава. Повикуваме на општествена мобилизација на секоја креативна индивидуа која ќе биде моторот до напредокот на државата.

Втората епоха треба да донесе ослободување од стегите, слобода на мислата која треба да донесе нови ветришта. Значи подавање на рака до мудрите граѓани на кои сите заборавија. Се обединуваме како тенки гранки во еден сноп, рече Мицкоски.

Поврзани новости