Јанчев го поддржа Мицкоски: Секогаш сум на страната на амбициозните и работливите!

by fokus

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Kонгресот на ВМРО-ДПМНЕ му ја дал својата поддршка на актуелниот претседател Христијан Мицкоски. Откако ги оставиле недоразбирањата од минатото зад себе, Јанчев порача дека Мицкоски ја имал неговата поддршка и до сега, и секогаш бил на страната на работливите и амбициозните луѓе.

-Чест и задоволство е да се биде дел од најголемата политичка партија во нашата земја. ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски, на последните локални избори покажа дека е партија за народот, партија која се стреми кон напредок на Македонија, партија која ги носи напред општините, партија која неуморно ќе се бори за подобра иднина и просперитет.

Како делегат на овој Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ , ја дадов мојата поддршка за актуелниот и иден претседател Христијан Мицкоски, неговиот досегашен успех треба да продолжи со уште поголем интензитет.

-Секогаш сум на страната на вредните, работливите и амбициозните луѓе, со мојата поддршка која господинот Мицкоски ја имаше и до сега, се надевам дека заеднички ќе придонесеме кон зајакнување и обединување на нашата партија. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека има силно членство со силен претседател и големи амбиции за превземање на власта и напредок на Македонија, порача Јанчев.

Вики Клинчарова

Поврзани новости