655
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски за време на партискиот протест вечерва пред Владата најави целосна блокада на институциите, ако летово не се постигне договор за распишување предвремени избори. Тој истакна дека активната блокада на Собранието ги дала посакуваните резулати, но ако нема договор, ќе следат нови протести и блокади.
-Таа целосна блокада ќе биде во парламентот, но и блокада на институциите, блокада на патиштата, протести низ градовите, блокада на процедурите и системот во распаѓање, истакна Мицкоски.
Тој најави работно лето, каде ќе се работи на општа мобилизација против како што истакна, тековните политики. Ги повика сите да им се придружат.