Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со соседите никогаш не сме биле поблиски

by fokus

Одлична атмосфера на фестивалот „Запознај ја Преспа“, кој го посетивме
заедно со министерката Бисера Костадиновска Стојчевска и
евроамбасадорот Дејвид Гир, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и Ласло Дукс, унгарскиот амбасадор во земјава.

За првпат уметниците и граѓаните од трите земји се дружат на едно место, во Преспа. Ваквите проекти, кои произлегуваат од Преспанскиот договор се потврда за неговата важност и поттик на зближување, соработка, вмрежување на граѓаните од трите држави, но и поврзување на регионот на оваа тромеѓа, напиша заменик претседателот на Владата, Бојан Маричиќ на фејсбук.

-Преспа веќе нема граница за Македонците, Грците и Албанците, Преспа нема разлики и бариери.

Денес Преспа обединува и е симбол за пријателство, дијалог, разбирање и градење добрососедски односи. Наместо за блокади и политика во Преспа се зборува за заеднички настани, соработка и проекти, истакна Маричиќ.

Поврзани новости