Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со американскиот заменик-помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер.
-На средбата стана збор за актуелната политичка состојба, беше потенцирано значењето за стратешкото партнерство со САД, како и потребата за остварување на стратешките цели за напредок во интегративните процеси на земјата. Истакнав дека сум за интензивни односи и соработка со Соединетите Американски држави за сите прашања кои се од заеднички интерес, обезбедувајќи стабилност и развој на процесите. Исто така истакнав дека е потребно Македонија да се стави на брзата трака за членство во Европската унија преку сериозни сеопфатни реформи. Посочив дека е потребно ресетирање на општеството и безусловна борба против корупцијата и апсолутна правда, објави Мицкоски по средбата.