И Рама ќе се сретне со Конте

by fokus

Албанскиот премиер Еди Рама утре ќе отпатува во официјлна посета на Италија, каде ќе се сртне со неговот колега Џузепе Конте.

Како што јавува тиранската телевизија Ора њуз, во 13 часот двајцата премиери ќе имаат работен ручек.

Посетата на албанскиот премиер на Италија се случува откако Европската комисија одлучи да го одложи датумот за отворање преговори за пристапување на Албанија во Европската унија на 18 октомври. Еден ден претходно Конте престојуваше во Тирана, каде тој јасно ја изрази силната поддршка на Италија за патот на Албанија кон ЕУ.

Објавувајќи ја веста, телевизијата наведува дека за време на средбата во Рим со македонскиот премиер Зоран Заев, италијанскиот премиер Конте ја оценил како историската грешка одлуката на Европската комисија за одложување на отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија.

– Мораме да најдеме начини да ја исправиме оваа историска грешка, со овие две земји чии народи не треба да бидат обесхрабрени, рекол Конте.

На утрешната средба Конте-Рама фокус ќе биде ставен и на односите меѓу двете земји, особено на можноста за зголемување на италијанските инвестиции во Албанија.

Поврзани новости