Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изразил загриженост за економската стратегија на Македонија, како и корупцјата која како што наведуваат од партијата, е шриоко распротстранета.
„Политичкиот терор е широко застапен, и тој се одвива на повеќе нивоа како начин на пресметка на власта со неистомислениците, притисоците врз медиумите и недостатокот на демократски амбиент е сериозен предизвик кој државата ја уназадуваат во повеќе сфери, истакна Мицкоски“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски на средбата и рекол на Могерини дека Македонија мора да го продолжи патот кон Европската Унија се до целосното интегрирање, за што е клучна и поддршката од пријателите од Европската Унија кои како што рекол, мора одблиску да ги мониторираат процесите и волјата на владата да работи на надминување на нотираните забелешки во Извештајот на ЕК.