Мицкоски на средба со Ескобар

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и амбасадорот на САД, Ангела Агелер.

На средбата, како што соопштуваат од партијата, беше потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

Исто така била потенцирана од двете страни потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави.

„Претседателот Мицкоски потенцираше дека актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД. Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности. Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости