Мицкоски: На СДСМ логично им е топката да се игра во нашиот шеснаесетник

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во синоќешното гостување на „Отворено“ на АЛФА, говореше на разни политички теми, задржувајќи се на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.

„Ние на сите дебатни емисии, интервјуа, прес-конференции укажуваме дека, се додека СДСМ се во Владата, Македонија ќе продолжи да губи. Ние повикавме на предвремени парламентарни избори, а убедени сме дека на тој начин практично граѓаните ќе си ја повратат државата назад. Нас тие избори не ни се за фотелји. Нападот кон опозицијата е од штабските ботови на СДСМ, затоа што на нив најлогично им е, топката да се игра во нашиот шеснаесетник. Наместо фокусот да биде во шеснаесетникот на СДСМ. Тоа се луѓето одговорни за сите порази на Македонија“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости