Мицкоски на прва официјална посета во Брисел

by fokus

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, заминува во прва официјална посета на седиштето на ЕУ откако стапи на лидерската функција. Прашањето за името сигурно ќе биде една од темите на која лидерот на ВМРО- ДПМНЕ ќе разговара на средбите во Брисел.

Во негово друштво ќе бидат потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и членот на Извршниот комитет Влатко Ѓорчев. Мицкоски ќе оствари голем број на средби со високи претставници на Европската Унија, како и со претставници на Европската народна партија, во која е член и ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на утрешниот предвидена е средба еврокомесарот за проширување  Јоханес Хан пратеници во европскиот парламент, а се очекуваат и разговори со  високата претставничка за надворешна политика и безбедност во Европската унија, Федерика Могерини, како и со Претседателот на европскиот парламент Жозеф Дол.

Поврзани новости