Зоран Заев не смее да разговара со бугарските политичари за нешто за кое нема легитимитет, ниту политички стекнат преку избори, ниту пак од македонските граѓани, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ Сонце. Според него, покрај тоа што преговарал во име на македонскиот народ, Заев донесувал и заклучоци без притоа да разговара со политичките претставници во државата.
-Народот е обединет и тој застана во одбрана на своето. Револтот го искажа преку протести, блокади на улиците, преку реакции на социјалните медиуми и на уште многу различни начини, а тоа покажува дека на овој разуздан клан предводен од Заев му доаѓа крајот – рече Мицкоски.
Тој додаде дека овој процес на распродажба може да престане на парламентарни избори на кои Зоран Заев и СДСМ ќе доживеат дебакл.