448
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска говореше за висината на неговата плата, која како што вели, е двојно помала од директорските кои се појавија во јавноста овие денови.
„Слушам еден од тие вчера вели дека мала била директорската плата од 80-90 илјади денари. Јас сум редовен професор на универзитетот и мојата плата како доктор на науки, како редовен професор, кој што треба да биде педагог и да образува луѓе, е двојно помала од таа“, вели Мицкоски.