756
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на Фејсбук ја критикуваше за власта за билансот од 50 починати од корона вирус во еден ден.
-Денес црн петок, Македонија е во црно. 50 починати поради ковид. Тажен ден.
Станавме земја во која министри шетаат на одмори, се бара провизија за вакцини, преку викенд возат мотори, а кога не го прават тоа летаат со хеликоптери, и сето ова додека народот умира.
50 починати е цела една зграда, цел еден блок, една градска улица со куќи кои се зацрнуваат. Задоцнија од власта со реакцијата, немаат систем, ниту план.
Народот е препуштен сам на себе. Оваа влада треба да падне, тоа е единствената шанса за да работите тргнат кон подобро, напиша Мицкоски.