Мицкоски: Македонија се соочува со уште еден пораз, ниту еден универзитет од Македонија не е во најдобрите 1.000

by fokus

По информацијата дека ниту еден од универзитетите во Македонија не е на Шангајската листат на најдобрите 1.000 универзитети, со реакција се јави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Македонија се соочува со уште еден голем пораз, ниту еден од универзитетите во државата не е во првите илјада на Шангајската листа за успешност во високото образование, вели во видео обраќање претседателот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Додека во јавноста се актуелни договорот со Грција и сите штетни последици кој тој ги носи, криминалните тендери, афери и злоупотреби, додека земјоделците се соочуваат со нова криза, а во здравството се бројат случаите со смртен исход, Македонија се соочува со уште еден голем пораз, ниту еден од универзитетите во државата не е во првите илјада на Шангајската листа за успешност во високото образование“, вели Мицкоски.

 

Поврзани новости