Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даде поддршка за медицинските работници во овој период кога водат борба за спречување на корона вирусот во Македонија.
„За жал, една неповолна статистика за Македонија која е на второ место по број на заболени од корона вирусот на Балканот по број на жители:
-Хрватска 102 заразени на 1 милион жители;
-Македонија 88 заразени на 1 милион жители;
-Црна Гора 83 заразени на 1 милион жители;
-Грција 71 заразени на 1 милион жители;
-Албанија 51 заразен на 1 милион жители;
-БиХ 51 заразен на 1 милион жители;
-Србија 35 заразени на 1 милиони жители;
-Бугарија 32 заразени на 1 милиони жители;
-Турција 22 заразени на 1 милион жители;
12% од заразените во Македонија се лекари затоа што несоодветно се заштитени.
Поддршка за македонските лекари, сите здравствени работници и македонската полиција и армија кои се на првата линија во борбата против корона вирусот.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи секоја мерка која ќе значи повеќе заштита. Владата мора да обезбеди соодветни ресурси за заштита на овие луѓе, нашето здравство мора да обезбеди сигурност и здравствена заштита за секого, затоа што секој живот вреди!“, рече Мицкоски.