Мицкоски: Комисијата за заразни болести се водеше по Заевиот диктат, не по Хипократовата заклетва

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и да се формира тело кое, според него, ќе биде составено од политички независни професионалци.

-Морам да кажам дека многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки. И да точно е, јас, а и целата јавност на почетокот безрезервно дадовме поддршка на нивната работа, затоа што верувавме дека се водат по Хипократова заклетва, ама се покажа дека тие се водат по Заевиот диктат. Повеќето се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции Караџоски, и може да се каже дека во најголема мера ги сервисираат потребите и барањата на Бихачка и Заев, наместо потребите на системот кој не покажа отпорност кон оваа деликатна здравствена ситуација – рече Мицкоски.

Поврзани новости