Џафери побара Заев и Мицкоски во следните две недели да се договорат за изборите

by Фокус

Претседателот на Собрание Талат Џафери по денешниот состанок на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски изјави дека новите 14 дена вонредна состојба треба да ја искористат политичките лидери за да најдат консензус во однос на датумот за изборите.

-Општата констатација е дека е потребно дополнително да се продолжи вонредната состојба. Мислам дека ова време за кое што ќе се продолжи вонредната состојба, ќе биде доволно дополнително време лидерите да го искористат за да изнајдат консензус за да одат на предвремени избори. Да го искористат времето за директна или индиректна комуникација, да смогнат сили и во интерес на граѓаните – рече Џафери

Тој посочи дека изборниот циклус нема да биде како претходните, но, како што рече, граѓаните мора да научат да живеат со оваа состојба.

Поврзани новости