Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на својо профил на Фејсбук упати низа критики кон актуелната владејачка партија СДСМ.
Притоа, тој упати порака дека на 12 април, како што вели, овој криминал може да се порази.
Кој во СДСМ го мести вака СДСМ?СДСМ има спот во кој се вели "пазете да не се врати ВМРО-ДПМНЕ пред 25 години!!!" Да…
Publiée par Hristijan Mickoski sur Mercredi 22 janvier 2020
„Кој во СДСМ го мести вака СДСМ?
СДСМ има спот во кој се вели “пазете да не се врати ВМРО-ДПМНЕ пред 25 години!!!”
Да бидам прецизен, пред 25 години СДСМ беше на власт, тоа е времето на Радмила Шекеринска, залетот на кланот Заеви во Струмица, првиот криминален занает на многумина кои сега се во врвот на партијата.
Пред 25 години СДСМ беше на власт и цветаше корупцијата, Радмила беше главна во младината на партијата, шверцот на цигари, првите рекетирања кои денес се усовршени, атентатот на Глигоров, протести, загубари, фабрики кои се затвораат, инфлација, сиромаштија. Тоа е времето на пропаста на Славија, Центро, Железара, на грабежот и пропаста на ТАТ. Семејството Заеви од просечно земјоделско семејство го започна картелот кој денес вреди милиони.Тоа беше нивното време пред 25 години.
Но, и сега не е поинаку. Истите криминални ликови се провлекуваат и денес. И затоа на овие избори мора да се поразат последните остатоци на транзицијата во македонската политика. 12 април е денот кога ова може да се порази“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.