552
Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа.
Прашањето е кој се заканувал?
Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара?
За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност. Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери“, додава Мицкоски.