696
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Алсат рече дека доколку продлабочувањето на енергетска криза удри врз џебот на граѓаните, тие ќе организираат протести.
-Нормално дека ќе протестираме, зошто да не протестираме? Ако цениме дека се вообразени и дека сакаат да им помогнат на граѓаните. Нормално ќе го повикаме народот на протести. Стандардот на граѓаните е пред и над се и тој е уставно загарантиран, рече Мицкоски.