Мицкоски најавува избори напролет

by fokus

Има механизми да ја принудат власта да прифати брзи парламентарни избори, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, не прецизирајќи кои би можеле да бидат тие.

Мицкоски во емисијата „Патот кон…“ на Алсат изјави дека оние кои велат дека изборите ќе бидат регуларни во 2024 година, ќе се уверат дека ќе има избори напролет.

-Сега како што е состојбата мислам дека нема да има ниту за македонските граѓани, ниту за оваа власт нешто што може да биде ново и креативно. Колку подолго оваа власт останува таму каде што е, јас би рекол некредибилна, толку повеќе ќе губат македонските граѓани. Тука нема етничка припадност, губат и Македонци, губат и Албанци и Турци, Срби, Власи, Роми и Бошњаци, буквално сите, вели Мицкоски.

Поврзани новости