Тие луѓе кои ја обвинуваат опозицијата за законот за јавно обвинителство само сакаат да го искористат законот и да ја нападнат ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е така зошто анкетите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и затоа преку законот сакаат да се пресметаат со ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на Канал 5 телевизија.
-Ние формиравме во партијата тим за преговори. Но власта не слуша. Ако не да ги оставиме од власта да прават што сакаат и да го укиниме ВМРО-ДПМНЕ. Но, ние одлучивме. ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача нов закон за јавно обвинителство. Ние ќе направиме закон кој ќе биде соодветен на европските стандардите. Граѓаните од ова сега и од Специјалното јавно обвинителство не добија ништо, резултатот е еднаков на нула, рече Мицкоски.