Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Сител вели дека во моментов во Македонија има Влада која нема никаков успех на ниту еден план.
Во врска со обвинувањата од страна на СДСМ и секојдневните напади околу сопственоста на наводните фирми, Мицкоски вели дека тие се плод на неговиот професионален ангажман и дека ова се прави се со цел тој да се омаловажи и дискредитира како личност.
„Јас мојот став сум го кажал, да во минатото како плод на мојата работа на професионален план одлучив дел од средствата да ги вложам во земјата во една компанија каде поседувам 7 % од акциите во проекти со кои сум се занимавал целиот мој живот, а тоа од областа на енергитката. Исто така деновиве сум сведок на еден спор помалку или повеќе манипулативен, морбиден дури кој што има единствена цел да мене ме омаловажи и дискредитира како личност“ потенцираше Мицкоски.
Мицкоски најави дека во Македонија во рамки на правниот систем ќе поднесе тужба пред надлежните институции против СДСМ за клевета, но и за нарушување на неговиот кредибилитет и интегритет.