Одрон на патот Скопје-Велес кај Сопот, сообраќајот по една лента

by fokus 08:58
08:58

На патниот правец Скопје – Велес пред наплатна станица Сопот поради одрон сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента во должина од 200 метри, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се работи на расчистување на одронот и нормализација на сообраќајот.

- Advertisements -

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Поврзани новости